Почина Миња Субота
Познатиот композитор, пејач, ТВ-водител и забавувач Милан – „Миња“ Субота почина на 83-годишна возраст, објави денеска Српската радио-телевизија.
Роден е во Сараево на 8 ноември 1938 година. Основното училиште, гимназија и високото образование (Електротехнички фкултет) ги завршил во Белград. Како композитор, Миња потпиша бројни хитови на популарна поп-музика и шансони, а како пејач сними повеќе плочи во поранешна Југославија и поранешниот СССР.
Неговите композиции се изведувани и наградувани на многу фестивали, како што се Белградска пролет, Мелодија на Јадранот, Загрепскиот фестивал на поп-музика и други. Како телевизиски автор, има удел во многу серии што останаа запаметени, како што е „Од глава до петици“.
Тој е автор и водител и на емисијата „Мјузик слајд“, која се емитуваше 18 години и уриваше рекорди во однос на гледаноста на телевизијата.
Миња шест години беше и уредник и водител на Фестивалот за детски песни во Белград, со што поттикна основање и на други детски фестивали во поранешна Југославија.
Ново на Сител
-

Кристал Палас го отпушти менаџерот
-

Де ла Фуенте: Ниту Јамал, ниту некој друг играч има посебен третман во репрезентацијата
-

Некогаш една од најопасните земји во светот, денес Ел Салвадор побезбедна дестинација за патување од Шведска
-

Туск: Нема да прифатиме договор за безбедност што САД и Русија ќе го преговараат без ЕУ
-

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“
-

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите
-

За само пет часа казнети 147 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин
-

Победи за Англија, Шпанија и Италија во Лигата на нациите
