Почина проф. д-р Катерина Мирчевска

Македонската научна јавност остана без истакнат историчар и долгогодишен научен работник. По кратко боледување, денес почина проф. д-р Катерина Мирчевска, соопшти Институтот за национална историја. Таа имаше 54 години.
Од Институтот изразија длабока жалост, нагласувајќи дека Мирчевска беше долгогодишен научен советник, посветен истражувач и врвен професионалец.
Во соопштението се истакнува дека нејзиниот богат научен опус, професионалниот интегритет и искрената посветеност кон историската наука ќе останат трајно сведоштво за нејзиниот придонес во развојот на научната мисла во Македонија.Колегите ќе ја паметат како исклучителен научник, професионалец и човек со голема посветеност кон науката и образованието, а нејзиното дело ќе остане трајно сведоштво за нејзиниот придонес во проучувањето и зачувувањето на македонската историска меморија.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
