Почина Ратко Младиќ

На 84 годишна возраст почина Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, кој издржуваше доживотна затворска казна за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.
Веста за неговата смрт попладнево ја објавија повеќе српски и регионални медиуми.
Неговата здравствена состојба во изминатиот период беше сериозно влошена. Само неколку дена претходно, Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали го одби барањето на неговата одбрана за предвремено ослободување од хуманитарни причини и негово префрлање на лекување во Србија.
Младиќ беше командант на Главниот штаб на Војската на Република Српска за време на војната во Босна и Херцеговина. Беше уапсен во Србија во мај 2011 година, по повеќегодишно бегство, а потоа беше префрлен во Хаг.
Во 2017 година беше осуден на доживотен затвор, меѓу другото и за геноцидот во Сребреница, како и за злосторства поврзани со опсадата на Сараево. Пресудата и доживотната казна беа правосилно потврдени во 2021 година.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
