Почина Ратко Младиќ

На 84 годишна возраст почина Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, кој издржуваше доживотна затворска казна за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.
Веста за неговата смрт попладнево ја објавија повеќе српски и регионални медиуми.
Неговата здравствена состојба во изминатиот период беше сериозно влошена. Само неколку дена претходно, Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали го одби барањето на неговата одбрана за предвремено ослободување од хуманитарни причини и негово префрлање на лекување во Србија.
Младиќ беше командант на Главниот штаб на Војската на Република Српска за време на војната во Босна и Херцеговина. Беше уапсен во Србија во мај 2011 година, по повеќегодишно бегство, а потоа беше префрлен во Хаг.
Во 2017 година беше осуден на доживотен затвор, меѓу другото и за геноцидот во Сребреница, како и за злосторства поврзани со опсадата на Сараево. Пресудата и доживотната казна беа правосилно потврдени во 2021 година.
Ново на Сител
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
