Почина таткото на Меси

Хорхе Меси, таткото на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација и осумкратен освојувач на Златната топка Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст, објави денеска аргентинскиот клуб во кој Меси настапуваше како дете Њуелс Олд Бојс.
„Клубот Атлетико Њуелс Олд Бојс со тага и длабоко жалење се збогува со Хорхе Меси“, објави клубот на социјалните мрежи.
Аргентинските медиуми јавија дека Хорхе Меси починал во болница во родниот град Росарио во петокот вечер по локално време.
Хорхе Меси беше клучната фигура во фудбалската кариера на својот трет син, Лионел, уште од неговите почетоци и преселбата од Њуелс Олд Бојс во Барселона.
На 17 јуни, весникот „Ла Опин“ објави дека солзите на Меси по постигнувањето на првиот гол во победата на Аргентина од 3-0 над Алжир на Светското првенство, најверојатно, се должат на влошената состојба на неговиот татко.
Хорхе Меси му беше првиот тренер на Меси во Аргентина, неговиот единствен придружник во текот на тешките рани години во Барселона, пред да стане негов менаџер и да преговара за астрономски договори во негово име.
Воедно, беше и човекот со кого Лионел Меси сакаше да ги анализира своите настапи по секој натпревар:
„Мојот татко многу ми помогна. Тој беше многу критичен кон мене. Затоа секогаш сакав да се надминувам себеси“, рече Меси во интервју за DirecTV Sports во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
