Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство.
Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започна да се занимава уште од студентски денови во средината на 60тите години во редакцијата Млади за млади во тогашното Радио Скопје, а потоа и како еден од уредниците на првиот бран прогресивни новинари уредници на неделникот за млади „Фокус”.
Во Македонската телевизија тогашна Телевизија Скопје започнува со работа во 1970 година и ги поминува сите професионални скалила, од новинар коментатор, водител, до главен и одговорен уредник за надворешна политика на МРТ.
Во текот на кариерата известувал за сите позначајни настани од значење за надворешната политика на Македонија, од сите континенти, вклучувајќи го приемот на земјава во ООН во април 1993 година. Целиот свој работен век го посвети на новинарството и се пензионираше во 2010 година.
Ново на Сител
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива
-
40-годишник од Скопје пијан ја тепал и гризел сопствената мајка
-
КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
-
Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ