Македонија
21. July 2025 - 16:46

Почна најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, странците воодушевени од организацијата

Почна Европскиот младински олимписки фестивал - најголемиот мултиспортски настан досега одржан во Македонија. Учествуваат над 4.000 спортисти од 50 европски земји. ЕМОФ обединува спортисти на возраст од 14 до 18 години, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортови: атлетика, пливање, кошарка, ракомет, одбојка, уметничка гимнастика, планински велосипедизам...

Скопје денеска беше полно со екипи од Литванија, Шведска, Грција, Франција... Дел од нив ни рекоа дека првпат доаѓаат во Македонија и не штедеа на убави зборови. Најголем впечаток им оставило топлото време, но тоа не им е проблем.

Ги прашавме и како ја оценуваат организацијата на скала од 1 до 10.

Натпреварите ќе се одржат во Скопје и Куманово, додека гимнастичките настани во Осиек, Хрватска. Граѓаните имаат можност да присуствуваат бесплатно, без билет и резервации. Македонија е претставена од околу 200 млади спортисти.

ЕМОФ свечено беше отворен вчера со церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ каде обраќање имаше и претседателката Сиљановска-Давкова. Олимпискиот фестивал завршува на 26 јули.