Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
Почна проширувањето на крак од булеварот „Македонија“ на потегот кај „Скопска рампа“, на почетокот на Кисела Вода, во правец кон Центар и комплексот „Лимак“. Ова е прва од вкупно четири фази за ставање во функција на подземната сообраќајница токму во овој дел од центарот на Скопје.
Градежните работи ќе опфатат и дел од улицата „11 Октомври“ и булеварот „Борис Трајковски“. Рокот за изведба на оваа фаза е 90 дена, а вредноста на проектот изнесува 78 милиони денари.
Двете наредни фази предвидуваат изградба на два кружни тека од страната на Кисела Вода и населбата Пролет, како и уште еден голем кружен тек кај зградата на „Нова Македонија“ и Цветниот пазар, заедно со изградба на влезовите на подземната сообраќајница.
Ѓорѓиевски најави и конечно пробивање на мостот меѓу Аеродром и Ќерамидница, откако ќе биде изработено и таканареченото супер-вештачење.
Од сообраќајните решенија, скопскиот градоначалник најави и завршување на булеварот кај Момин Поток. сМицкоски пак, најави 40 нови комунални камиони за отпад за Скопје кои ќе бидат набавени преку Министерството за транспорт во соработка со Светска банка.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
