Почна струмичкиот карневал
Струмичани ги ставија карневалските маски. После принудната пауза поради пандемијата, во градот повторно владее карневалска атмосфера која треба да кулуминира вечерва.
Најавата на една од најголемите забави под маски беше направена со традиционалниот маскенбал на кој струмичани уште еднаш ја покажаа нивната креативност не криејќи го задоволство што традицијата продолжува.
Под маска беше и градоначалникот Костадинов. За него е многу важно што и покрај паузата карневалџиите сепак имале мотив да ја продолжат вековната традиција на нивните предци.
Годинава во официјалната поворка на струмичкиот карневал учествуваат 26 маски со околу 1000 учесници. Поради пандемијата учеството на гостите од странство е намалено, но карневалот ја задржува својата интернационална димензија со учеството една група од Србија и две од Грција.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар