Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027, поднесени над 300 амандмани

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година. На седницата, која треба да почне во 11:30 часот, поднесени се над 300 амандмани.
Во текот на општата расправа изминатите денови, пратениците од власта со оценка дека Предлог-буџетот претставува рамка за одговорно управување со јавните финансии, зачувување на макроекономската и финансиската стабилност, навремено исполнување на обврските кон граѓаните и реализација на развојните програми на државата. Според нив, станува збор за развоен буџет насочен кон економски раст, капитални инвестиции и подобрување на животниот стандард.
За опозицијата, проекциите на Владата не ја отсликуваат реалната економска состојба, а зголемените дефицити и задолжувањата го доведуваат во прашање развојниот карактер на буџетот. Според нив, капиталните расходи не се доволни, а најавените инвестиции и проекти не се поткрепени со соодветни средства во буџетските ставки.
Во Предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 отсто повеќе во споредба со 2026 година, а вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 отсто во споредба со 2026 година.
Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со фискалната стратегија за периодот 2027 - 2031 година.
За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.
МИА
Ново на Сител
-

Факултетите ќе го платат долгот за струја
-

Вештачката интелигенција во правосудството – Помошник, не судија
-

Светска награда за „Безбеден град“
-

Историска средба меѓу Трамп, Си и Путин во Кина: „Мораме да учиме од историјата и заедно да ги решаваме проблемите“
-

СДСМ: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – обвинителот Савески молчи
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 година
-

Институтот за историја одбележува 80 години постоење
-

3.243 прекршоци регистрира „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Охрид
