Почнува Европското првенство во кошарка 2025
Со натпреварот Велика Британија – Литванија, денес 12:30 часот во Тампере, Финска ќе биде отворен Евробаскет 2025.
Континенталниот кошаркарски собир ќе трае до 14 септември.
Покрај Тампере, градови и земји домаќини се: Рига (Летонија), Лимасол (Кипар) и Катовице (Полска).
Ова е трет пат четири земји да бидат организатори на ЕП и тие автоматски се квалификуваа за завршниот турнир.
Дебитант на Европските првенства е Кипар, а титулата ја брани Шпанија, која на претходното првенство го освои четвртиот пехар наменет за европските шампиони.
Евробаскет 2025 е 42-ро издание на првенството на најдобрите селекции на Стариот континент, организирано од ФИБА. На турнирот учествуваат 24 национални селекции, поделени во четири групи од по шест екипи.
Во првата фаза се играат во пет кола, а првите четири селекции од секоја група одат во нокаут фазата (шеснаесетфинале, четвртфинале, полуфинале, финале и натпревар за трето место).
Другите двојки за денес се:
Чешка – Португалија (13:45 часот)
Црна Гора – Германија (15:30)
Летонија – Турција (17:00)
Шведска – Финска (19:30)
Србија – Естонија (20:15).
Ново на Сител
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции