Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“

Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.
Во првата недела од предвидениот период активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Град Скопје.
- Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности - се наведува во соопштението од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Се бара куќен притвор за судијата со заѕидани 350.000 евра
-

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител
-

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
-

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар
-

Д-р Мицевска: На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба
-

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса
-

Продолжи судењето за убиството на турски државјанин во кафуле во Штип
-

Крај за цигарите во фри-шопот на Евзони, продажбата запрена од 31 декември 2025
