Почнува Заедничката операција на Фронтекс во Северна Македонија
Во Полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска на свечена церемонија ќе биде означено официјалното започнување на Заедничката операција на Фронтекс во Република Северна Македонија.
На свеченоста ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, извршниот директор на Фронтекс Ханс Лејтенс, амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и Лена Дупонт - член на Европскиот Парламент и известувач за Договорот за статус помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија.
Предвидено е видео обраќање да има еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, а прес-конференција да одржат Спасовски и Лејтенс.
Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации и идентификувањето на можни ризици и закани, јакнење на оперативната соработка и поддршка на оперативните капацитети.
Планирано е во текот на 2023 година Фронтекс да распореди повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема со што значително ќе се зголемат капацитетите за откривање на илегалните активности долж државната граница.
Договорот за ФРОНТЕКС беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и е прв ваков договор помеѓу ЕК и Република Северна Македонија на македонски јазик. Договорот отвора можност за воспоставување заеднички операции на европската Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

За 20 отсто намалени производството и уловот на риба
-

Утрово најстудено во Берово
-

Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води
-

Мицкоски и Алиу на средба со здруженијата за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун
-

Сончево и топло, со умерена локална облачност
-

Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер
-

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците
-

Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран
