Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
Светскиот ден на животните, dm го одбележи со значаен чекор кон подобрување на животот на нашите крзнени пријатели. Оваа година, тие донираа 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња, оставајќи зад себе не само бројки, туку и несебична љубов и надеж.
4 октомври за dm не е само обичен ден! Денес, тие ги посетија: Здружението за заштита на животни и животна средина „Шепасти ентузијасти‘‘, Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка‘‘ и Здружението - граѓанска иницијатива за заштита на животните ,,Кане Корзо Надеж‘‘, места каде што живеат многу кучиња кои нетрпеливо чекаат на своите нови домови.
„Влегувајќи во овие прифатилишта, нашите срца се наполнија со емоции. Секое куче, со својата уникатна приказна, ни раскажа за борбата за опстанок и желбата за љубов. Нивните очи, полни со надеж, нѐ потсетија на важноста на нашата мисија, а тоа е да покажеме дека секое куче заслужува љубов и грижа. Среќни сме што имаме шанса на четвороножните пријатели кои немаат дом да им го разубавиме секојдневието, но и да обрнеме внимание на потребата за вдомување на напуштените животни. Голем мотив за вдомување на овие слатки суштества ќе пронајдете во нивната реакција веднаш штом ќе ги посетите!“ – Изјавува Кристина Дуранска – маркетинг менаџер во dm.
Оваа донација значи многу повеќе од само храна. Тоа е надеж за подобар ден, за нова шанса во животот. Кога овие крзнени пријатели ќе добијат храна, тие не само што ќе ги наполнат своите стомачиња, туку и ќе почувствуваат дека не се сами. Нивната борба не е невидлива, и токму затоа dm drogerie markt е тука, од година во година, да им помогне. Па така, минатата година донираа храна и средства за чистење кон 3 скопски прифатилишта за кучиња, а оваа година повторно инспирираа со уште една донација.
Да се грижиме за животните, да им дадеме љубов и да им обезбедиме подобар живот – порачуваат од компанијата, затоа што само заедно можеме да го направиме светот подобро место за сите нас!
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Честитка од претседателот на Собранието, Гаши по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците
-
ИДФ: Погодени се 140 цели во Газа
-
Иран го повика Гутереш да го спречи активирањето на механизмите за спроведување на санкциите на ОН
-
АХВ: Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница
-
Полска рано утринава го затвори воздушниот простор на југоисточниот дел од земјата
-
Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка
-
Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Тетово, Претор и Куманово
-
Трамп утре ќе разговара со високи претставници на Конгресот пред крајниот рок за постигнување договор за финансирање на федералната влада