Македонија
4. јуни 2016 - 17:13

Подготвува ли Обама превентивна аболиција за Хилари Клинтон

Дали Барак Обама со превентивна аболиција ќе и даде можност на Хилари Клинтон да стане новиот претесдател на САД. Можноста да биде помилувана е отворена минатото лето, откако во јавноста беше објавена нејзината приватна е-маил адреса. Таа неколку пати се изјасни дека е невина бидејќи ниту примала ниту испраќала класифицирани документи.

Деновиве опсежна истрага за можни криминали поврзани со поранешната државна секретарка Хилари Клинтон ќе води и ФБИ. Нејзините политички советници и приврзаници сметаат дека само со помилување ќе остане во претседателската трка и нема да има пречка на патот до Белата куќа.

-За Хилари нема да биде најдостоинствено да прими помилување од претседателот но таа и нејзиниот сопруг во минатото минале и низ потешки скандали без да ја изгубат изборната база. Без помилување, сценаријата со кои таа се соочува се полни со непредвидливи опасности, вели анонимен извор изборниот штаб на Клинтон.

Со цензура и бришење текстови на страната на Хилари Клинтон во претседателската кампања застанува и еден од највлијателните медиуми во САД „Хафингтон пост“, пишува Дневник. Медиумот избришал сторија која според проценките на тимот на Хилари ќе и наштети на нејзиниот имиџ бидејќи авторот Френк Хугвенард напишал дека ФБИ ќе предложи обвиненија за Клинтон за рекет и можно е да се соочи со сериозни обвиненија за корупција. Авторот за отстранувањето на текстот од интернет барал објаснување од уредниците, но сите молчеле. Инаку Хугвенард отворено го подржува Берни Сандерс, главниот партиски ривал на Kлинтон кај демократите.

Во анализата на Дневник се наведува дека цензурата на автори во „Хафингтон пост“ во корист на Kлинтон е во исто време кога американската администрација троши милионски суми во Македонија преку разни агенции во името на „медиумски слободи“, професионализам и „избалансирано новинарство“.