-->
-->
Поевтинуваат бензините и дизелот
-->

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар по литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 74,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 76,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 68,00 денари за литар.
За 0,159 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,786 денари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
