Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода О.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“ по член 237 и член 238 од Кривичниот законик.
- Првото кривично дело го сторил на 12.06.2026 на кеј „Димитар Влахов“, каде заедно со уште две други лица физички нападнале 38 годишен маж и му одзеле велосипед и паричник со пари и документи. Второто кривично дело го извршил на 10.07.2026 на бул.“Кочо Рацин“ каде со употреба на физичка сила и закана со остар предмет од 45 годишна жена одзел паричник со пари и документи - се посочува во соопштението од МВР.
Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје до ОЈО Скопје по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Вардар во криза? Поразот од КуПС отвори многу прашања
-

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
-

СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
