Македонија
14. July 2025 - 14:14

Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Куманово, констатирани прекршоци

Полицијата издала осум записници за констатирани прекршоци при контрола на четири угостителски објекти во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. При контролата легитимирани биле 36 лица, а при мерењето било констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

- Врз основа на претходно изготвен план, викендов (на 12/13.07.2025) полициските службеници од СВР Куманово извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово. При контролата, извршено е легитимирање на 36 лица, а било извршено и фонометриско мерење, при што било констатирано нарушување на јавниот ред и мир по член 8 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. При контролата биле издадени 8 записници за констатирани прекршоци, информираше полицијата.