Македонија
10. July 2025 - 12:41

Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава

Во рамки на акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, во периодот од 16.00 до 22.00 часот полицијата санкционираше 232 возачи.

Од нив, 97 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... За време на контролата санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за  заеднички  придонесе за побезбедни патишта.