-->
-->
Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава
-->
Во рамки на акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, во периодот од 16.00 до 22.00 часот полицијата санкционираше 232 возачи.
Од нив, 97 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... За време на контролата санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонесе за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница
-
Лишен од слобода крадец во Куманово
-
Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува
-
Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница