Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,попречување на правдата“, предвидено и казниво по член 368-а став 8 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како дежурен криминалистички техничар за криминалистичка регистрација на 04.10.2025, преземајќи службени дејствија во настан во кој две лица биле лишени од слобода поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од КЗ, му овозможил на полицискиот службеник О.С., кој на наведениот датум не бил работно ангажиран, а е родител на едно од лицата лишени од слобода И.С., да има целосен увид во службената документација, да располага со неа, да ја пренесува од една во друга просторија, да ги придружува лицата лишени од слобода во постапката за прибирање на биолошки траги и да земе примероци од урина од истите. По извршено вештачење на примероците од урината е потврдено дека примерокот од урина од И.С. всушност било урина дадена од неговиот татко, полицискиот службеник О.С..
Со наведените дејствија пријавениот Ф.Н. имал намера да ги уништи доказите и да го спречи и отежне докажувањето во постапката. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ф.Н. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија.
Ново на Сител
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
-

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“
-

По повод 80-тиот роденден на Трамп: УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа
-

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони
-

Илјадници луѓе во Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации
