Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1322 сообраќајни прекршоци, уапсени 32 лица

Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 32 лица, од кои три за возење под дејство на алкохол, 15 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување со возило.
Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 302 прекршоци за неправилно паркирање, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 106 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 67 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, осум возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност.
Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија
-

Менувал оценки, бришел испити и запишувал семестри за пари – полициска акција во Штип и Скопје
-

Неизвесен е настапот на Ѓоковиќ на Мастерсот во Париз
-

Зеленски изјави дека хакирањето на руската апликација за предупредување било одмазда
-

По 28 години пешачење околу светот, Карл Бушби конечно се врати дома
-

Северна Кореја ги отфрла обвинувањата на САД за хакирање на „Бајнанс“
-

Трамп објави дека „е можен“ мировен договор со Иран
-

Средношколци и пратеници во Собранието ќе дебатираат за дезинформациите, социјалните мрежи и влијанието на вештачката интелигенција
