Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
СДСМ бара одговорност од властите зошто 5 дена се криела вистината за труењето во Гостивар, а институциите дозволите епидемијата да ескалира.
- Граѓаните на Гостивар заслужуваат целосна вистина. Заслужуваат одговор на прашањата зошто пет дена се криела информацијата, зошто не биле преземени итни мерки и кој ќе сноси одговорност. Зошто предупредувачките сигнали биле игнорирани? Криењето информации во услови на масовно загрозување на јавното здравје не е обичен пропуст – тоа е неодговорно постапување со сериозни последици врз здравјето на граѓаните. СДСМ бара итна политичка и институционална одговорност од министерот за здравство и од сите одговорни на надлежни институции, рече Наташа Поповиќ – членка на извршниот одбор на СДСМ.
Министерството за здравство контра тврдењата на СДСМ. Од таму тврдат дека во ни еден момент немало криење информации за случувањата во Гостивар.
Од владејачката партија во писмена реакција посочуваат дека надлежните институции веќе постапуваат.
- Локалната самоуправа има јасно дефинирани надлежности во однос на водоснабдувањето и комуналните услуги. Доколку се утврдат пропусти во работењето, тие треба да бидат предмет на одговорност, без разлика на политичката припадност. Обидите за префрлање на вината, без завршена истрага претставуваат неодговорно политизирање на случајот од страна на СДС. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што има законска или службена одговорност треба да одговара, доколку тоа го утврдат надлежните институции, стои во реакцијата.
Преку објава на Фејсбук од владејачката ВЛЕН посочуваат дека здравјето и безбедноста на граѓаните на Гостивар се апсолутен приоритет и очекуваат резултатите од лабораториските анализи да бидат објавени што е можно поскоро, додека институциите продолжуваат со истрагата сè додека целосно не се утврдат причините, велат од партијата.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
