-->
-->
Половина Скопје без парно
-->

Поради дефект голем дел од Скопје остана без парно. Како што информираат од ЕСМ, во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.
-Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија, велат од ЕСМ.
Оваа грејна сезона постојано има проблеми со парното, а месецов граѓаните ги добија првите зголемени сметки, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување од речиси 6%. Како причина за поскапувањето беше наведено потребното инвестирање во дотраената и стара топловодна мрежа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
-

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
-

Трамп: Земјите што тргуваат со Иран ќе плаќаат царина од 25 проценти
-

Дводневен штрајк на таксистите во Грција
-

Променливо облачно и студено
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
