Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина

Полска денеска започна превентивни операции на военото воздухопловство и го покрена нивото на подготвеност на системот за воздушна одбрана и радарското извидување поради руските напади со беспилотни летала врз Украина, објави Оперативната команда на полските вооружени сили.
„Во врска со нападите извршени од Руската Федерација со беспилотни летала на територијата на Украина, воената авијација започна да дејствува во полскиот воздушен простор“, се наведува во соопштение објавено на социјалните мрежи, објави Радио Зет.
Оперативната команда изјави дека активностите се превентивни и имаат за цел обезбедување и заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите во непосредна близина на загрозените зони.
Во согласност со важечките процедури, потребните сили и средства беа активирани преку Центарот за воздушни операции – Команда на воздушната компонента, додека системите за воздушна одбрана и радарско извидување беа ставени во состојба на готовност.
Пред неколку дена, руски дрон се урна на околу четири километри од полската граница, удирајќи во бензинска пумпа во Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
