Полска ја одбрани светската титула
Нема промени во врвот на светската одбојка. Трофејот го одбрани репрезентацијата на Полска со убедлив триумф од 3-0 против селекцијата на Бразил во репризата на финалето од пред четири години.
Сите дилеми на овој меч се чини беа решени во првиот сет кој расположените полјаци го добија со 28-26 против олимпискиот шампион со што се закитија со третата титула во светската одбојка. На три титули останува и Бразил кој доминираше од 2002-та до 2010-тата година.
Вистински лидер на победникот во финалето беше Бартош Курек со 24 поени, додека Михал Кубијак заработи 14 колку што имаше на спротивната страна Бразилецот Валас де Соуза.
Во битката за бронзениот медал САД ја совлада Србија со 3-1. Мундијалот успешно го организираа Италијаните.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
