Ползењето е исклучително битно за здрав ран развој на детето

Ползењето (познато и како лазење) е исклучително важно за здравиот ран развој на детето, бидејќи вклучува истовремена координација на повеќе телесни и мозочни функции. Стручњаците нагласуваат дека преку лазењето, децата ги зајакнуваат своите мускули, развиваат координација, рамнотежа и просторна свест, но тоа, исто така, ги поттикнува когнитивните способности и социјалните вештини.
Истражувањата покажуваат дека детското ползење игра незаменлива улога во здравиот развој на најмалите. Така, лазењето не е само првиот чекор кон самостојното одење, туку и клучна способност што ги поврзува телото и мозокот, поставувајќи ја основата за целокупен физички и когнитивен развој.
Развој на моторни вештини: Лазењето ги зајакнува мускулите на рацете, нозете, грбот и телото воопшто, што е основа за подоцнежно одење, трчање и други моторни вештини. Тоа помага во развојот на фини моторни вештини, бидејќи детето учи да ги координира рацете и прстите додека ги допира и истражува предметите.
Координација рака - око: Додека лази, детето ги усогласува движењата на рацете и нозете со она што го гледа. Оваа координација подоцна помага, на пр. при пишувањето, фаќање предмети и спортски вештини.
Развој на мозокот: Ползењето вклучува вкрстена координација (раката и спротивната нога се движат истовремено), што ја поттикнува комуникацијата меѓу двете мозочни хемисфери. Ова ги подобрува когнитивните способности, планирањето на движењата и просторното снаоѓање.
Развој на рамнотежа: Детето кое лази, учи да го контролира телото во просторот, и така развива чувство за рамнотежа и свест за положбите на сопственото телото.
Независно истражување и учење: Со лазење, детето ја истражува околината, што ја поттикнува љубопитноста, решавањето проблеми и независноста.
Недостатокот на лазење може да доведе до лоша координација, проблеми со рамнотежата и моторни тешкотии подоцна во животот. Некои истражувања го поврзуваат пропуштањето на фазата на лазење со доцнење во развојот на фините моторни и когнитивните вештини.
МИА
Ново на Сител
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
