Пописот е потребен но законот ги скара опозицијата и власта
Пописот ќе биде политичка, наместо статистичка операција и нема да ги даде точните бројки за населението, тврдат од опозицијата откако законот за попис во прво читање се отвори за расправа во Комисијата за европски прашања.
Според ВМРО-ДПМНЕ проблематично е попишувањето на лица кои нема да бидат затечени во домот преку нивните блиски само со давање на матичен број, како и попишување од надвор по електорнски пат.
Проблем, според Стојановска, има и во тоа што ќе има еден, наместо двајца попишувачи на терен, како и тоа што не се познати базите на податоци што ќе бидат користени за електорнскиот дел од пописот. Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат амандмани во второто читање.
Иако најавија поддршка за законот за попис од Алијансата на Албанците, сепак и тие имаат свои забелешки.
Од власта пак, велат законот е доабр и нема политичка заднина.
Законот за попис не беше донесен во претходниот парламентарен состав токму поради тоа што работните групи на власта и опозицијата не се усогласија. Владата сега, со истото законско решение од тогаш, предлага пописот да одржи во април догодина.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
