Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување основни хигиенски услови.
На угостителите им се изречени парични казни од по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.
-Со контролата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено - санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, информира АХВ.
Решенијата за времена забрана за вршење дејност ќе останат во сила до исполнување на потребните услови за работа.
Ново на Сител
-

Римокатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-

ФБИ пронајде над еден милион нови документи за Епштајн
-

Во Лос Анџелес прогласена вонредна состојба поради поплавите
-

Без вода делови од општините Аеродром и Центар
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
