Поради промена на Судечкиот совет, судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“ почнува од почеток

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, почна од почеток поради промена на составот на Судечкиот совет.
Како што информира судот, еден од поротниците информирал дека поради здравствени причини, еден месец и повеќе нема да може да учествува на судењата, а вториот најавил дека поради други ангажмани, нема да учествува повеќе како поротник на судските процеси.
Судењето го води судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.
Обвинителството, како што информира јавната обвинителка Андонова, останува целосно на обвинението.
Обвинетите Дејан Салтировски, Ванчо Георгиевски, Марија Маневска, Томе Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлум Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Маријан Радевски повторно пред судот се произнесоа по однос на разбирање на обвинението и изјавија дека остануваат на претходно изнесеното непризнавање вина.
Судот информира дека се преземаат сите досега изведени материјални докази и сослушани сведоци и се продолжува со сослушување сведоци на Обвинителството.
Судењето е поврзано со трагичниот пожар што избувна на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Според обвинението, полициските службеници, кои биле дежурни, истовремено биле ангажирани и во дискотеката, но не ја прекинале забавата, ниту спречиле користење пиротехника.
МИА
Ново на Сител
-

Паника на Волстрит: Остриот пад на акциите избриша милијарди долари од пазарот
-

Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
-

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10
-

„Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ ја тужат Калифорнија: Не сакаат ограничувања за деца под 16 години
-

Во Владата панел дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 - напредок и реформи“
-

Путин, Трамп и Украина: Се подготвува договор што може да ја опфати цела Европа
-

Шпанија ѝ доделува нова воена помош на Украина во вредност од 437 милиони евра
-

Масакр во Турција: Осум лица убиени, убиецот е во бегство
