Поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ ја тужи Агенцијата за спречување на корупцијата

Поранешниот црногорски претседател и актуелен почесен претседател на највлијателната опозициска партија- ДПС, Мило Ѓукановиќ, ја тужеше Агенцијата за спречување на корупцијата (АСК) поради одлуката дека го прекршил законот во врска со револвинг картичка на Атлас банка, барајќи отштета во износ од 5.000 евра.
Во тужбата, меѓу другото, се наведува дека поранешниот црногорски претседател и поранешен премиер чесно, совесно и со највисок степен на одговорност две и пол децении ги извршувал своите државнички обврски, а Агенцијата за спречување на корупцијата ја донела одлуката со која утврдила дека го прекршил Законот за спречување на корупцијата бидејќи не пријавил зголемување на имотот во износ од 16. 741 евро, со намера да ја прикаже неговата личност како криминалец, арогантен и недостоен за позицијата и угледот што ги ужива во општеството и државата Црна Гора, пренесува порталот Дан од Подгорица.
Ѓукановиќ, се додава, бара отштета од 5.000 евра за повреда на личните права.
Ново на Сител
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
