Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер - над 50 километри на час.
Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер - над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да се спушти до 14, а максималната да достигне до 26 Целзиусови степени.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на новата седмица, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
МИА
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
