Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија

Просторот околу Холандскиот лавиринт и ридот спроти „Школка“ во Градскиот парк денеска од 10:00 до 13:00 часот ќе биде исполнет со портокалови активности по повод Денот на кралот на Холандија. Настанот е во организација на Биди Зелен (GoGreen) и Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија.
Како што се наведува во соопштението на Биди Зелен во рамки на настанот ќе се реализираат повеќе еко и креативни активности.
Предвидена е еко-разменотека (по пример на холандскиот Vrijmarkt), односно посетителите можат да донесат книги, аксесоари, спортска опрема или лични предмети и да ги заменат за други, со што се поттикнува продолжување на нивниот животен век.
Ќе се одржи и натпревар за накитени велосипеди: ученици од скопските средни училишта ќе учествуваат со креативно декорирани велосипеди на теми што ги поврзуваат двете земји, користејќи рециклирани материјали.
Ќе има и лов на богатство за деца, интерактивна активност во Холандскиот лавиринт наменета за најмалите посетители.
Планирано е и садење цвеќиња, како заедничка акција за разубавување и позеленување на паркот, при што секое засадено цвеќе претставува мал придонес кон поздрава околина.
Дополнително, како што се наведува во соопштението, сите посетители кои ќе донесат сопствена амбалажа за пијалок ќе добијат бесплатен пијалак од Вело Кафе, како дел од иницијативата за намалување на отпадот и поттикнување одржливи навики.
- Со Портокаловиот ден сакаме да ги поврземе заедницата, креативноста и грижата за животната средина преку активности што се забавни, едукативни и одржливи - истакнуваат организаторите.
На настанот изјави за медиуми ќе дадат амбасадорот на Холандија Узлем Џанел, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и Дарко Арсовски Петровски од Биди Зелен.
МИА
Ново на Сител
-

Мисајловски: Нашите македонски војници работат согласно највисоките НАТО стандарди
-

Сиљановска-Давкова од Криволак. Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми, тие треба да важат за сите
-

Тошковски: Ќе се воведе ново овластување со кое полициски службеник да може веднаш да изрече итна мерка за жртвата на семејно насилство и сторителот да го отстрани од домот
-

Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има потреба ќе побараме таргетирани мерки
-

Јане Ченто: Пресудата за „27 април“ е донесена врз основа на монтирана постапка со притисоци врз сведоци
-

Мерц: САД се „понижени“ од Иран, веројатно нема крај на конфликтот
-

Кривична пријава за дебрани кои преку измама за наводно лекување на болно дете противправно се стекнале со 3.300 евра
-

Ја терале да јаде измет од куче и ја гореле со цигари, вознемирувачко ученичко насилство во Ѓорче Петров
