Посебен режим на сообраќај во Куманово поради велосипедска трка, изменет и јавен превоз
Општина Куманово денеска ги информираше граѓаните на Куманово дека поради одржување на велосипедска трка, која се одржува во рамки на Европскиот олимписки младински фестивал – Скопје 2025, во четврток (24 јули) ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на повеќе улици и патишта во градот и околината. Според најавата од Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово, сообраќајот ќе биде ограничен во период од 05:00 до 16:00 часот, согласно потребите за подготовка, одржување и завршување на спортскиот настан.
Од општината информираат дека јавниот линиски превоз ќе функционира со отежнување, при што ќе бидат запазени само дел од линиите од периферните населби до најблиската достапна точка во центарот и обратно. За дополнителни информации, граѓаните може да се обратат во диспечерскиот центар на телефонскиот број 031 444 – 003.
- Општина Куманово упатува апел до граѓаните за разбирање, трпение и почитување на времената регулација, со цел непречено и безбедно одвивање на меѓународниот спортски настан, повикаа од општината
Целосно или делумно ќе бидат затворени „Гоце Делчев“ – на потегот од крстосницата со улиците „Доне Божинов“ и „11 Октомври“ до кружниот тек на булевар „Трета МУБ“ и улицата. „Бајрам Шабани“. Овој дел ќе биде затворен за сообраќај во текот на целиот настан. Булеварот „Трета МУБ“, од кружниот тек до крстосницата со регионалниот пат R1204, кај црквата „Св. Мина“, ќе биде затворен само за време на минување на велосипедистите. Регионалниот пат R1204 – на потегот од крстосницата кај „Св. Мина“ до крстосницата со регионалниот пат А2 кај „Алфи“, ќе биде затворен за сообраќај, со можност за премин преку патот, освен при директно минување на натпреварувачите. Регионалниот пат А2, од крстосницата кај „Алфи“ во насока кон Општина Старо Нагоричане – ќе биде целосно затворен за сообраќај додека трае трката. Стартот на трката е закажан за 10:00 часот, а завршувањето се очекува околу 13:30 часот. По трката, ќе следува свечена церемонија за доделување на наградите на градскиот плоштад во Куманово.
МИА
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот што избувна во Кочани
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација
-
Со сопствени иновации, Кина го редефинира фармацевтскиот пазар
-
Наплаќале 150 до 5.000 евра за да овозможат туѓа нега или инвалидска пензија, обвинение за 36 лица во „Синдром“
-
При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено - апелираат дерматолозите
-
Брзата интервенција на пожарникарите спречи катастрофа во Кочани | ВИДЕО
-
ЕУ со долг од 81,8 отсто и буџетски дефицит од 2,9 проценти од БДП