Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје најави денеска Министерството за внатрешни работи, поради меморијална трка.
- Во недела, 26 април, во периодот од 9 до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон - трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“, при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „АСНОМ“ на потегот од крстосница со улица „Васко Карангелевски“ до крстосница со булевар „Србија“ и на дел од улица „Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со булевар „АСНОМ“ до крстосница со пристапна сообраќајница кај „Мајчин дом“ во Скопје, информираат од МВР.
Од тие причини, како што се додава, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
МИА
Ново на Сител
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
