Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
Скопјани ќе плаќаат поскапо централно греење уште пред стартот на новата грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за корекција на цените на топлинската енергија, а новите тарифи ќе почнат да се применуваат од 1 август.
Најголемо зголемување ќе имаат домаќинствата кои се снабдуваат преку „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија расте за 5,96 проценти.
Поскапување ќе има и кај останатите снабдувачи, но со пониски стапки. Корисниците на „ЕСМ Енергетика“, односно таканареченото железарско парно, ќе добијат зголемување од 5,18 проценти, додека кај „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) цената ќе биде повисока за 3,65 проценти.
Според пресметките на РКЕ, за просечен стан од 60 квадратни метри месечната сметка за греење ќе се зголеми за околу 140 денари.
Од регулаторното тело посочуваат дека и покрај новите цени, трошоците за централно греење во Македонија остануваат меѓу пониските во споредба со земјите од регионот.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
-

Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени
