Последен Вимблдон за Квитова во кариерата
Чешката тенисерка Петра Квитова изјави оти со голема радст го очекува настапот на својот последен грен – слем турнир во Вимблдон, откако претходно објави дека во септември официјално ја завршува кариерата.
„Ќе биде одлично, несомнено. Тоа е мојот омилен турнир. Отсекогаш бил и секогаш ќе биде. Ќе биде убаво да се вратам. Секогаш ми се навраќаат убавите спомени. Остануваат и помалку пријатните. Дури и со два трофеи и најдобри резултати во мојата кариера, поразите понекогаш беа многу, многу болни. Но, освојувањето на две титули е она што најмногу се брои“, рече Квитова.
Квитова не играше минатата година на Вимблдон поради породилно отсуство откако го роди синот Питер. Таа ги освои титулите на лондонскиот гренд слем во 2011 и 2014 година. За првиот трофеј во финалето ја победи Русинката Марија Шарапова со 6:3, 6:4, а за вториот Канаѓанката Ежени Бушар со 6:3, 6:0.
Таа пред помалку од две недели објави дека ќе се пензионира по Отвореното првенство на САД, кое завршува во септември.
Квитова доби специјална покана од организаторите и својот прв натпревар ќе го игра утре против Американката Ема Наваро, која е 10 носителка.
Ново на Сител
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО
-
МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров
-
Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава
-
На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони
-
Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир