Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце

Тетовско-гостиварската епархија информираше дека денес во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ кој од 2022 година е прогласен за светец Кирил Лешочки. Негова биста во овој црковен двор постоеше и до 2001 година.
- Денес, преку ова спомен обележје, пред нашите очи се издигнува ликот на Преподобниот учител Кирил Лешочки, кој е роден пред 255 години токму овде во Теарце. Оваа биста што ја откриваме во неговото родно место не е обичен споменик од камен или бронза. Таа е паметник на еден особено значаен македонски духовен подвижник. Сведоштво е за човекот кој со книга и крст го разбуди заспаниот дух на нашиот народ. Овој споменик кој го подигнавме во негова чест не само што не потсетува на неговиот лик и дело, туку и нè потсетува дека како христијани сме повикани да ги почитуваме светителите, следејќи го нивниот подвиг во верата. Свети Кирил ни остави пример како треба да постапуваме, истакна во пригодното обраќање Митрополитот Тетовско-Гостиварски г. Јосиф кој го изврши осветувањето на бистата.
Кирил Пејчиновиќ (1771-1845) е роден во Теарце, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс. Во октомври 2022 кога беше извршена канонизација за Кирил Пејчиновиќ, 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки.
МИА
Ново на Сител
-

Вработени во ССМ обвинуваат за мобинг и незаконски отказ
-

ПЕТ-скенот повторно во функција, ќе се снимаат по десет пациенти дневно
-

Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
