Потешко до работа во Германија: Од 50.000 на 25.000 Германија ја намалува квотата за работници од Македонија и регионот
Германија планира значително да го ограничи приемот на работници од земјите на Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, со намалување на годишната квота од сегашните 50.000 на 25.000 одобренија.
Германската влада на 4 ноември усвои предлог со кој се предвидува преполовување на бројот на работници што можат да добијат првично одобрение за вработување преку посебната регулатива за Западен Балкан.
Новите правила треба да почнат да се применуваат од 1 јануари 2027 година, но за нивно стапување во сила е потребна согласност од Бундесратот, германското сојузно претставничко тело, кое треба да го разгледува предлогот на 18 декември.
Мерката се однесува на државјаните на шест земји – Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Посебната регулатива, воведена во 2016 година, им овозможува на граѓаните од овие држави да добијат пристап до германскиот пазар на труд под олеснети услови, дури и без формално признаени стручни квалификации.
Со најавеното намалување, бројот на нови одобренија би се намалил за 25.000 годишно, што би можело да ја отежне можноста за вработување на граѓаните од регионот кои планираат да заминат во Германија.
Сепак, предлогот предизвика противење кај дел од германските работодавачи, стопанските здруженија и седум сојузни покраини, кои предупредуваат дека ограничувањето може дополнително да го продлабочи недостигот на работна сила.
Против намалувањето се изјасни и Германската сојузна агенција за вработување, која смета дека сегашната квота треба да остане непроменета.
Според податоците на агенцијата, во септември 2026 година во Германија биле вработени околу 546.000 граѓани од земјите на Западен Балкан кои плаќале задолжителни придонеси за социјално осигурување.
Германските власти наведуваат дека планираното намалување произлегува од коалицискиот договор на владејачките партии и претходно донесените политички одлуки за ограничување на работната миграција.
Доколку предлогот добие конечна согласност, новата квота ќе се применува од почетокот на следната година. Ограничувањето нема да значи општа забрана за вработување на македонските граѓани во Германија, бидејќи и понатаму ќе постојат други законски можности за пристап до германскиот пазар на труд.
Ново на Сител
-

„Кажи не!“ – кампања против сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор
-

Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози
-

ФА размислуваше да ја оспори кандидатурата за реизбор на Инфантино
-

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании по поволни услови
-

УНФПА предупредува: Светот ризикува да ја разочара следната генерација
-

Тошковски во Дубаи ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ за „Безбеден град“
-

Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција
-

Потешко до работа во Германија: Од 50.000 на 25.000 Германија ја намалува квотата за работници од Македонија и регионот
