Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур

Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање, соопштуваат од Министерството за транспорт.
Овој чин, како што соопштуваат оттаму, означува суштинско унапредување на билатералните односи и директно поврзување на македонскиот воздухопловен сектор со еден од водечките светски авијациски центри.
- Потпишувањето на овој стратешки документ, претставува директна валоризација на новите политики на менаџментот на АЦВ како за меѓународно етаблирање на институцијата така и за забрзување на темпото за што побрза примена на најновите безбедносни стандарди. Со овој чекор се отвора широка рамка за институционален развој преку напредна едукација и специјализирани програми за обука во Сингапурската воздухопловна академија (SAA), која важи за една од најреномираните во светот - стои во соопштението од министерството.
Договорот, како што дополнуваат, предвидува директна размена на експертиза и примена на најдобри практики во делот на регулативата, безбедносниот надзор и лиценцирањето, со што македонските воздухопловни власти ќе ги хармонизираат своите капацитети со најстрогите глобални стандарди. Покрај едукативната компонента, Меморандумот има силен регионален и технолошки фокус. Соработката подразбира заедничка реализација на проекти кои не само што ќе го зајакнат домашниот сектор, туку имаат потенцијал да ја позиционираат Македонија како регионален лидер во примената на иновативни решенија во воздушниот сообраќај.
Директорот на АЦВ, Драги Стојаноски, истакнал дека овој меморандум ја потврдува посветеноста кон примената на највисоките меѓународни стандарди на ICAO. Тој нагласил дека соработката со глобален лидер како Сингапур овозможува пристап до врвна експертиза со која дополнително ќе се подигне нивото на безбедност и ефикасност на македонското небо.
МИА
Ново на Сител
-

Лавров: НАТО, ЕУ и ОБСЕ стануваат застарени организации
-

Откриена нова крвна група - решена мистерија стара повеќе од педесет години
-

ФСБ тврди дека зад атентатот врз генералот во Москва стојат украинската и полската разузнавачка служба
-

Зошто сите сакаат на Месечината и кој води во новата вселенска трка
-

Изминатата седмица санкционирани 101 непрописно паркирано возило во Центар
-

ЦИК на БиХ: Синиша Каран е нов претседател на Република Српска
-

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со - 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени
-

Продолжува судењето за „Онкологија“, треба да бидат сослушани вешти лица од Словенија
