Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно
Крајбрежната служба на Грција спровела спасувачка акција во морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики по пријава за исчезната 63-годишна капачка, македонска државјанка, која била пронајдена на копно и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од Крајбрежната служба на Грција, во попладневните часови вчера, крајбрежните власти на Солун и Неа Муданија биле известени од Единствениот центар за координација на истрага и спасување на Крајбрежната служба „за 63-годишна исчезната странска пливачка (државјанка на Република Северна Македонија), во морскиот регион кај Неа Каликратија“.
- Веднаш беше активиран локалниот план за итни случаи, при што во акцијата беа вклучени еден патролен брод на Крајбрежната служба и три приватни брода, а во потрагата на копно учествуваа и две патролни возила. Капачката беше пронајдена на копно, во областа на Неа Каликратија, во добра здравствена состојба и според нејзината изјава, не сакаше медицинска помош, соопштија од Крајбрежната служба на Грција.
МИА
Ново на Сител
-
Запален автомобилот на Ѓорги Галетановски - Чомбе | ВИДЕО
-
Му го запалил глисерот на брат му во Охрид, пожарот зафатил зграда и автомобил
-
Атина два дена без такси превоз
-
За една недела санкционирани 132 непрописно паркирани возила во Центар
-
Елисејска палата: Макрон ќе именува нов премиер во следните денови
-
Активен пожарот во Никуштак, екипите на терен, во кумановско вчера повеќе пожари
-
Коперникус: Август 2025 е третиот најтопол месец досега
-
ЦУК: Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 изгаснати