Повеќе од 19 илјади сообраќајни прекршоци во август
Во периодот од 1 до 31 август годинава како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, издадени се 19.343 платни налози за сообраќајни прекршоци, од кои 6.730 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 82 лица, од кои 46 за возење под дејство на алкохол, 10 за возење под дејство на наркотични средства, две за возење во забранет правец, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 11 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Во текот на месец август се евидентирани 4.113 прекршоци за неправилно паркирање, 1.825 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 455 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна, пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 1.149 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 164 пешаци и 81 возач на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 803 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 411 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 92 заради техничка неисправност.
Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пет активни пожари, еден изгаснат
-
Приведени две лица, на отворено палеле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици и да ги продадат
-
23-годишен маж со тврд предмет нападнал двајца роднини на неговат сопруга со која е во бракоразводна постапка
-
Три лица се тепале на паркинг во Ѓорче Петров
-
Едно лице со употреба на сила го одзело накитот на 37-годишна жена на Бит Пазар
-
Јавниот превоз во Скопје за продлжениот празничен викенд по неделен возен ред
-
МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“