Повеќе од 425 лица уапсени на протест во Лондон во поддршка на забранета пропалестинска група
Британската полиција соопшти дека над 425 лица се уапсени на вчерашниот протест во Лондон во поддршка на пропалестинската организација „Дејствувај за Палестина“ (Palestine Action). Организацијата е забранета и прогласена за „терористичка“ од британската влада.
Според соопштението на лондонската полиција, 25 лица биле уапсени поради насилство врз полициски службеници.
Велика Британија ја забрани „Дејствувај за Палестина“ во јули годинава врз основа на законите за борба против тероризмот, откако членови на групата влегоа во база на Кралските воздухопловни сили и оштетија воени авиони.
Организацијата, која често ги таргетира и британските одбранбени компании поврзани со Израел, го обвинува Лондон за соучесништво во воени злосторства кои, според неа, Израел ги извршува во Газа.
Во последните недели, полицијата уапси стотици поддржувачи на „Дејствувај за Палестина“, меѓу кои и повеќе од 500 за еден ден минатиот месец. Многу од приведените се лица постари од 60 години.
МИА
Ново на Сител
-
Гатузо: Против Израел не одигравме во најдобра форма
-
Кузмановски: Сакаме со позитивен резултат да ја почнеме Лигата на шампионите
-
Кос: Го осудуваме насилството во Србија и повикуваме на намалување на тензиите
-
Се уште гори во Дрисла, активни пожари и кај Никуштак, Булачани и во струшко Татеши и Еленкамен
-
Роберт Кенеди бара да се истражат негативните ефекти од вакцините и причината за аутизмот
-
Случајот „Онкологија“ продолжува против поранешниот директор Васев и двајца онколози
-
Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање
-
Трамп со критика за Нетанјаху: Бомбардирањето на нашиот сојузник не е во ничиј интерес