Македонија
9. јуни 2025 - 13:32

Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог

По трагичниот настан во дискотеката во Кочани, кога животот го загубија 62 млади лица, а над 200 беа повредени, што остави силна душевна болка на членовите на нивните семејства, роднини и пријатели, многу малку повозрасни граѓани побарале помош од психолог. Помладите повеќе се охрабруваат да ги посетат ординациите на психолозите и психијатрите, но за жал, постарите луѓе тагата ја смируваат со чашка алкохол.

- После трагедијата која го зафати целиот град, има потреба од психолошка поддршка. Тоа не се однесува само на земање таблет, може да се дојде само на разговор. Кај нас се уште постои таа социјална стигматизација и поради тоа луѓето не се охрабруваат да дојдат, посебно генерациите, односно, повозрасни од 60 години. Проблемот го решаваат со алкохол односно одбиваат да кажат дека имаат психички проблеми и психички нарушувања, изјави д-р Дарко Иванов, психијатар во Општа болница – Кочани.

Меѓутоа, конзумирањето на поголеми количини алкохол или земањето на таблети без препорака на лекар, може да предизвика дополнителни здравствени проблеми. Затоа д-р Иванов апелира навремено да побараат помош, пред да се доведат во депресивна состојба. 

- Кај нас, за жал, многу посегнуваат по алкохол кој доведува до органски заболувања. Така и земањето таблети по нечија препорака, на сосед или пријател, во смисла, мене ми помогна, земи и ти, може да доведе до значително нарушување на менталната и органска состојба на пациентот, додаде Иванов.

Во кочанската болница освен психолози и психијатри од Кочани, помош има и од лекари од клиниките од Скопје, кои се ставени на располагање на граѓаните засегнати и погодени од трагедијата во дискотеката „Пул