Повредата на Кук не е сериозна, ќе паузира две недели
Вчерашниот пораз на гостувањето кај Партизан донесе двојно разочарување во таборот на МЗТ Скопје Аеродром, со оглед што по само пет минути на теренот се повреди новото засилување од САД, Кеандре Кук, чие рамо настрада по дуел со еден од противничките центри.
– Првичните прогнози по прегледите во болница во Белград беа дека има скинат лигамент поради што би морал да отсуствува најмалку еден месец. Но, денешната детална проверка во болницата „Систина“, која е наш долгогодишен пријател и спонзор, покажа дека повредата и не е толку сериозна.
Проценките на лекарскиот тим на клубот, поткрепени од извештаите на докторите од „Систина“ кои го прегледаа Кук, велат дека тој би бил надвор од тимот најмногу две недели. Тоа значи дека по неколку дена би можел да почне со лесни тренинзи, поради што се надеваме дека би бил подготвен да им помогне на соиграчите веќе на гостувањето кај Студентски центар, закажано за 28 јануари во Подгорица, соопшти МЗТ Скопје.
„Аеродромци“ утре го почнуваат вториот дел од првенството во домашната Прва лига и тоа на домашен терен против ТФТ (19:30 часот).
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
