Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево

Еден рудар од Пробиштип и една работничка од Пехчево, денеска и вчера, се здобиле со повреди на работните места, информира Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип.
Во денешниот полициски билтен се информира дека денеска во 2:50 часот во ОВР Пробиштип од Јавната здравствена установа Пробиштип е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 43 годишниот С.К од село Злетово, пробиштипско. Според пријавеното со повредите се здобил во рудник во Пробиштип, при извршување работни задачи.
Во 11:34 часот вчера во СВР Штип од Итната медицинска помош Пехчево е пријавено дека кај нив со повреди е донесена 43 годишната М.П. од село Црник, пехчевско. Според пријавеното со повредите се здобила при извршување на работни задачи во фирма, во машинскиот погон. Од СВР Штип велат дека по пријавата кај нив веднаш е извршен увид во машинскиот погон.
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
