-->
-->
Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-->

Две лица се здобиле со телесни повреди при сообраќајната несреќа која се случи вечерва на магистралниот пат Кочани – Штип меѓу селата Долни Подлог и Тракање, потврдија за МИА од СВР-Штип.
Според првичните информации повредените се хоспитализарни во Општата болница во Кочани.Несреќата се случила меѓу две патнички моторни возила со кочански регистерски таблички. Претходно ОД АМСМ информираа дека од 20.30 часот сообраќајот на магистралниот пат Кочани-Штип е во прекин, а возилата се пренасочуваат кон селото Тракање кон експресниот пат Кочани-Штип.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување на Галуп: Во Србија само 27 проценти од граѓаните веруваат дека 2026 година ќе биде подобра
-

Мите Стефоски избран за претседател на Советот на Општина Струга
-

Обвинителен акт против седум лица за даночна измама, меѓу нив и бизнисменот Ристо Крмзов
-

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
-

Приведени возачи од повеќе градови кои возеле под дејство на алкохол, еден од нив предизвикал и сообраќајка
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
