Повремен дожд и снег на планините, дневната температура од 6 до 11 степени

Во 8.30 часот утрово се измерени температури над нулата. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, температура од 1 степен е измерена во Берово, 2 во Крива Паланка и Струмица, 4 во Тетово, 5 степени во Прилеп и Охрид, 7 во Скопје - Петровец и во Виница и 8 степени во Куманово.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.
-Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени, информира УХМР.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.
МИА
Ново на Сител
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
-

Му ветил социјална помош и стан, го измамил за 4.200 евра
-

Три лица од Судан нападнале и ограбиле 27-годишник во Кисела Вода
-

Благајничка украла 212.000 денари од касата на скопска фирма
-

Кривична за злоупотреби против поранешни претседатели на Здружението на инвалиди на трудот - Штип
-

Полицаец упатен на психијатарски преглед по возење без возачка дозвола
