Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
Шпанскиот фудбалски првак Барселона објави денеска дека враќањето на стадионот „Камп Ноу“ нема да се случи на почетокот на август како што беше претходно најавено.
Ова е ново одложување на враќањето на Барселона во својот дом, бидејќи по реновирањето, сè уште не се исполнети сите услови за враќање на играчите на „Камп Ноу“.
Барселона официјално не објави нов датум за враќање на својот легендарен стадион, но тоа би можело да се случи во четвртото коло од новата сезона во шпанската Ла Лига кога каталонскиот клуб е домаќин на Валенсија на 13 или 14 октомври.
Во првите три кола од новата сезона Барселона ќе игра на гостински терен против Мајорка, Леванте и Рајо Ваљекано.
Капацитетот на стадионот на самиот почеток на враќањето ќе биде ограничен на околу 60.000 седишта, сè додека работите не бидат целосно завршени следното лето, кога капацитетот ќе ги достигне планираните 105.000 седишта.
Вкупната вредност на овој проект за реновирање на „Камп Ноу“ е околу 1,5 милијарда евра.
МИА
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа