Повторно поскапува дизелот

Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто во споредба со вчера.
Новата малопродажнa цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 76, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 78, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 70 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 5,314 отсто, кај дизелот за 4,601, кај екстра лесното масло за 4,326 и кај мазутот за околу 2,135 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1781 отсто.
Ново на Сител
-

Тедрос: Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата
-

Од идната сабота полагањe на матурата - три типа според видот на образованието
-

Мицкоски на отворање на „Mega shopping Park“ во Гевгелија
-

МВР: Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тестирање на моторот во Кејп Канаверал на Флорида
-

Бесент: Постигнувањето договор ќе зависи од одлуката на Трамп
-

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина
-

Сончево со мала облачност
